![]() |
|
||||||||||||||||||||||||
|
ОПРЕМЕНОСТ
Локација
Достава
Тимот за доставување на стоката до купувачите се состои од пет добро
обучени возачи кои користат современ возен парк, задолжени за брзо и
навремено доставување на нарачаните количини. Во секое време на
располагање имаме возач и возило за итна достава за потребите на големите
купувачи.Возен парк
Претставниците за продажба користат сопствен возен парк на компанијата кој се состои од петнаесет патнички возила. ![]() Достава на стоката до купувачите исто така се реализира преку сопствен возен парк кој се состои од четири комби возила и еден камион. Организација
Административниот простор е опремен со современа опрема од познати производители. Целокупниот информатички систем е поставен за секојдневно контролирање на продажниот процес и следење на резултатите од дневната реализација. За
редовно и навремено проследување и реализирање на нарачките од нашите
купувачи на користиме различни средства за комуникација.Во нашата компанија е поставен систем на секојдневно следење на продажниот процес и контрола на реализацијата. За таа цел користиме современо дизајниран софтвер кој овозможува редовно и секојдневно креирање извештаи по повеќе различни критериуми. Овие извештаи обезбедуваат навремена информација првенствено за менаџментот на компанијата, но и на останатите сектори со цел навремено да ја обезбедат неопходната логистика на продажниот тим. Особено внимание посветуваме на редовно и детално известување на претставниците за продажба за текот на нивната реализација. |
|
||