![]() |
|
||||||||||||||||||||||||
|
СТРУКТУРА
Вработени
Во моментов компанијата Кимби цо. има над 50 вработени. Најголемиот дел
од нив се млади и амбициозни луѓе кои во нашата компанија имаат одлична
можност да работат во динамична работна атмосфера, со можност за постојано
надградување на своето знаење и искуство. Просекот на старост на
вработените изнесува 27,2 години.![]() Продажен тим
Структурата на продажниот тим ја сочинуваат претставниците за продажба кои се во постојан и директен контакт со нашите купувачи. Продажниот процес е организиран преку претставници за продажба кои редовно ги посетуваат нашите купувачи, се грижат за позиционираноста и продажбата
на продуктите од нашиот продажен асортиман и се договараат со купувачите.
Реализацијата на продажниот тим постојано ја следат надгледувачи на
продажните тимови.Продажниот тим го поддржува тим на бренд менаџери и тим на промотери кои се грижат за подобрување на продажбата кај купувачите. Бренд менаџерите ги координираат маркетиншките активности кои се реализираат преку реномирани маркетинг агенции. Промотерскиот тим редовно се грижи за позиционираноста на нашите продукти во продажните места. Промотерскиот тим исто така редовно одржува промоции на продуктите од нашата палета во продажните места каде остваруваат директен контакт со крајните потрошувачи. |
|
||